| четврток, 6 декември 2018 |

Паметните броила за електрична енергија не се баш паметни

Истражувачи од Универзитетот Твенте и Универзитетот за применета наука од Амстердам заклучија дека памените броила се неточни. Според тестови кои траеа 6 месеци, броилата прават грешка која ја менува сметката помеѓу -32% и +582%. Резултатите од тестовите и методологијата се поставени на IEEE.

Истражувањето на научниците од Холандија покажа дека грешка прават 5 од 9 мерачи. Иронично, причината за грешка се штедливите уреди.

Во текот на тестовите истражувачите тестираа најразлични уреди кои корисниците ги користат во домаќинството. Цел на тестот беа диодни светилки, штедливи светилки, греалки, бојлери и куп други електрични уреди. Најголема грешка уредот прави кога се користи затемнувач и LED светилка или штедлива светилка.

Причината за грешка е во струјниот сензор. Кај броилата кои покажуваат повисоки резултати, како струен сензор се користи намотка на Роговски, кај броилата кои покажуваат помалку се користи сензор базиран на холов ефект. Во просек отстапувањата кога како сензор се користи намотка на Роговски се +265%. Броилата кои користат сензор базиран на холов ефект имаат девијација од -46%. Овие отстапување важат за тестирањата при мерење на потрошувачка на електрична енергија на затемнувач (dimmer) и штедливи светилки.

Тестовите се однесуваат на броилата во Холандија, а проценките вела дека над 750.000 домаќинства имаат повисоки сметки за електрична енергија поради ова. За жал, нема податоци за брендот на тестираните броила, па не може да претпоставиме дали е слична состојбата и во Македонија.


Извор it.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top