| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас: Македонија е дар од Бога, но избрала погрешен кум

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека разликите за името не значат дека Грција е против постоењето на Македонија, но смета дека освен името, главен проблем со неа е иредентизмот.

– Всушност во односите меѓу Атина и Скопје има два проблема, првиот е досегашната неодговорност, а вториот е чувството на Македонија дека Грција не го сака нејзиното постоење. Јас тоа со моите изрази на афинитет го порекнувам, но тие не сакаат да слушаат, дека нивната земја е дар од Бога, но проблемот е што избрале погрешен кум. Разликите во името не значат дека Грција не го сака постоењето на оваа држава, како и дека има какви било планови за нејзина реогранизација или дезинтеграција, вели Коѕијас во изјава за урденици за надворешна политика во грчките медиуми – пренесува МИА.

Најавува дека Македонија и Грција ќе формираат комитет, кој ќе направи ревизија на учебниците и ќе се обиде да ги надмине несогласувањата во однос на историскиот контекст.

Коѕијас посетува дека ваков комитет веќе е формиран меѓу Грција и Албанија и оти досега се решени споровите за тоа што во двете земји се изучува во десет од 12 одделенија, но дека двете преостанати се најтешки во контекст на историјата и географијата.

– Ќе создадеме таков комитет и за Македонија. Немаме ништо против да погледнеме во нашите книги и ако во нив има нешто погрешно, немам ништо против да биде коригирано, рече Коѕијас.

Тој смета дека всушност е добро што Македонија постои и нагласува дека доколку Атина и Скопје ги решат проблемите ќе имаат забрзана и одлична соработка, поради сличностите меѓу нив, особено со северна Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top