| четврток, 6 декември 2018 |

Две турски кули во Аеродром ќе бидат готови до крајот на 2014-та

jevair zgradi

Турскиот холдинг „Џеваир“ планира до крајот на наредната година да заврши две од вкупно четирите кули што ги гради во општина Аеродром.
Генералниот директор на холдингот, Есер Џеваир, во интервју за МРТ вели дека изградбата на кулите оди по планот.
– Сега се работи 30-тиот кат на една од зградите, а другата зграда следи со разлика од 2 ката, односно 28-29 кат. Во овие зградите, според плановите, ќе почне да се живее на крајот на 2014 – вели Џеваир.
Според него, откако ќе се завршат првите две згради, компанијата ќе почне да ги гради другите две.
– Изградбата се спроведува со метод на тунел-изградба, најбезбеден за земјотресни зони и најбрз за висококатници. Затоа оди толку брзо. Со проектот ќе изградиме 1376 станови. Во секоја кула ќе има по 344 стана, почнувајќи од еднособни до трособни – појаснува Џеваир.
Во рамки на проектот е планирана изградба на трговски центар од 24-25 илјади квадратни метри и бруто површината за издавање од 17 илјади квадратни метри. Во трговскиот центар ќе ги има најпознатите меѓународни брендови.
Тој тврди дека веќе има заинтересирани купувачи, и тоа главно за горните катови, од 30-тиот па нагоре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top