| четврток, 6 декември 2018 |

Анѓелка е пресмешна и без Андрија (ФОТО)

Српската актерка Анѓелка Прпиќ на нашата публика ѝ е позната по улогата во хумористичната серија „Андрија и Анѓелка“, во која игра со актерот Андрија Милошевиќ. Несомнено Анѓелка и Андрија ги освоија симпатиите на публиката во двојка, но еднакво се смешни и кога не се заедно.
Вечерва Анѓелка објави фотографија на Инстагам, на која позира пред огледало со манекенката и водителка Марија Килибарда. Иако Анѓелка напишала под фотографијата дека се надополнуваат, двете изгледаат многу смешно, бидејќи Анѓелка се губи покрај превисоката Килибарда.

Македонската публика се запозна со Килибарда во едно од претходните изданија на шоуто „Твоето лице звучи познато“, во кое Марија се појави како водителка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top