| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиска Арабија: Од следната година и жените ќе можат на фудбал

Три фудбалски стадиони во Саудиска Арабија ќе дозволат и жените да влегуваат на фудбалските натпревари од јануари следната година, соопшти тамошното министерство за спорт.

За сега официјално е дека Кинг Фад стадионот во Ријад, Кинг Абдула стадионот во Џеда и Принц Мохамед бин Фад во Дамам ќе дозволат жени на трибините.

Жените за прв пат влегоа на фудбалски стадион минатиот месец за времето на национален празник. Тие седеа одвоенo од мажите.

Се чини нешто почнува да се придвижува во Саудиска Арабија – овој голем чекор доаѓа по оној донесен минатиот месец кога земјата соопшти дека ќе им дозволи на жените да управуваат со автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top