| четврток, 6 декември 2018 |

Дали ДИК направи грабеж на гласови?! (фото)

Дали ДИК направи буквален грабеж на гласови?! Ова прашање го поставуваат читатели кои до нашата редакција испратија фотографии од листата на ДИК на самото изборно место, споредено со она што ДИК го има на својата веб страница каде ги објавува резултатите од вториот круг од локалните избори.

Според тврдењата се работи за гласачкото место 1179 во Старо Нагоричани, каде иако 17 од гласачите се изјасниле за СДСМ, 62 за ВМРО-ДПМНЕ, на сајтот на ДИК има обратна слика – 17 гласа за ВМРО-ДПМНЕ, 62 за СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top