| четврток, 6 декември 2018 |

Села: ДУИ имаше скриен штаб за поткуп на гласачи

За време на изборниот процес во Струга, се случуваше криминал, обвинува кандидатот за градоначалник од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, пренесува „Фокус“.
Тој истакна дека изборите поминале со сериозни нерегуларности, уцени и купувања на гласови кои, според него, се случувале на скриени локации кои функционирале како партиски штабови.

– Да ги повикам правната држава, полицијата, да бидат поактивни, а не да дозволат да се уценуваат граѓаните и да се купува нивниот глас. Веќе имаме пријавено кај едно место кај Тинекс кај Ристо Крле како ДУИ има скриен штаб. Се носат граѓани со кола и таму и ги купуваат нивните гласови, изјави Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top