Вработен во МВР, кој често се појавува и како дел од обезбедувањето на премиерот Заев, денеска на повеќе избирачки места во општина Бутел ги придружувал полицајците кои биле работно ангажирани за изборниот процес. Под фотографиите кои беа објавени во некои медиуми, има и шпекулации дека наводно телохранителот се фалел дека ако е потребно ќе донесе уште повеќе полиција во Бутел. Овие фотографии и шпекулации за сега од МВР ниту ги потврдуваат ниту ги негираат.
Притисок и заплашување во Бутел се гледа на видеото кое беше споделено на фб. Наводно вработен во полицијата со симпатизери на СДСМ манифестирал сила и им сугерирал на жители од општината да гласаат за кандидатот на СДСМ во општина Бутел, а ги заплашувал и им се заканувал и на симпатизери на ВМРО- ДПМНЕ.
Во Бутел денеска се гласа на 45 избирачки места. Во оваа општина право на глас имаат 33.275 избирачи. За избран градоначалник ќе се смета кандидатот кој добил најмногу од гласовите на оние кои излегле на вториот круг на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст