| четврток, 6 декември 2018 |

Полиција насекаде на вториот круг гласање

Граѓаните гласаа, полицијата ги набљудуваше. Вториот круг локални избори под будното око на приaпадници на МВР. Ги имаше речиси на секое ќоше, па дури и на избирачки места иако Законот тоа строго го забранува. Телевизија Алфа објави кадри од полицијата присутна на речиси секое гласачко место. Од избирачките одбори во скопските општини за телевизијата изјавиле дека процесот генерално течел во мирна атмосфера. Граѓани пред камерата на Алфа велат дека очекуваат демократски избори за подобар животен стандард и мир во сопствената општина.

На шестите локални избори во Македонија, набљудувачите точно на време беа на отворањето на гласачките места. Го следеа гласањето, броењето на гласачките ливчиња и сумирањето на резултатите.

Овластените претставници на подносителите на листите, набљудувачите и гласачите – во текот на гласањето на гласачките места не смеат да користат мобилен телефон, апарат или други средства за сликање на гласачкото ливче. За вториот круг од локалните избори ДИК акредитираше 5.101 домашен и 473 странски набљудувачи.
т.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top