| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Франција против сексуланото насилство врз жените

Во 11 градови ширум Франција денеска се протестираше против сексуалното насилство и вознемирување под хаштагот „#MeToo“, кој се појави по обвинувањата против холивудскиот продуцент Харви Ваинстин.

Протестите ги организира женската организација „Лез ефронте“.

Новинарката Карол Гаљан на блок, француска верзија на „Хафингтон пост“ ги повика жените да протестираат поради сексуалното вознемирување.

– Излезете на улица и покажете… ние сме илјадници и илјадници кои треба да преживеат, да го амортизираат ударот, да сфатат што им се случило и да се справат со искуствата кои најчесто се трауматични, се посочува во повикот за протест објавен и преку Фејсбук и Твитер.

Демонстрантите носеа транпаренти на кои пишуваше „Ние не“ и „Почитувајте ги жените“.

Според статистиката во Франција секоја година повеќе од 80.000 жени се жртви на силување или обид за силување, но само 10 проценти од нив пријавуваат. Француската Влада минатата недела предложи закон за построги мерки против сексуално злоставување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top