| четврток, 6 декември 2018 |

Реал со шокантен пораз во Каталонија

Шампионот на Шпанија, Реал Мадрид загуби со 1:2 на гостувањето кај дебитантот Жирона во средба од 10-тото коло на Примера.

Екипата на Зинедин Зидан водеше на паузата по голот на Иско (12), но во второто полувреме каталонците успеаа да направат пресвт со погодоците на Кристијан Стуани (54) и Порту (58). За вториот гол имаше сериозни сомневања за офсајд.

По поразот, момците на Зизу веќе се 8 поени зад Барселона.

Кристијано Роналдо и Карим Бензема го предводеа нападот на „белите“, поддржани од Иско. Ашраф Хакими повторно доби шанса на местото на Даниел Кравахал.

Пабло Макин пак постави шема 5-4-1 против „кралевите“ со Кристијан Стјуани на врвот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top