| четврток, 6 декември 2018 |

Загинат моторциклист во сообраќајка кај Ѓавато

Околу 13,50ч. во СВР-Битола, било пријавено дека на регионален пат А3 Битола-Ресен, кај Ѓавато, бил пронајден повреден моторциклист, соопшти МВР. На пат кон болница, во возило на итната медицинска помош, лицето починало.

Според информациите несреќата се случила така што моторциклистот излетал од патот и се здобил со повреди опасни по живот, по што починал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top