| четврток, 6 декември 2018 |

Нема струја на гласачко место во Тетово, гласачкиот процес неизвесен

На гласачко место во Тетовско заради немање струја во регионот на Шарпланина гласачкиот процес би можел да биде доведен во прашање, објави Алсат. Како што пренесуваат репортерите на АЛСАТ-М од теренот, Локалната изборна комисија од гласачкото место е во постојан контакт со екипите на ЕВН, од каде добиле информација дека се работи на отстранување на дефектот. Засега нема подетални информации кога би можел да биде проблемот комплетно отстранет.

Инаку, во Тетово до 16 часот гласањето се одвива тековно и без изборни нерегуларности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top