
Денеска, околу 4 часот по полноќ, на автопатот Градско – Велес, на околу 500 метри после наплатната станица Градско, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.И.(26), изгубило контрола на движење, преминало на левата страна на коловозот и се превртело.
Во возилото како сопатници биле лицата Е.Е.(24) од Гостивар, кој починал на лице место, додека А.О.(20) од Гостивар и едно непознато женско лице, се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Велес.
(Фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


