Две лица се повредени кога мал туристички авион со кој патувале, се урна на железничка пруга во главниот град на Италија, Рим. Италијанската полиција соопшти дека авионот се урнал при обид за слетување. Причините за падот се уште не се познати.
Поради уривањето на авионот во прекин е сообраќајот преку оваа пруга. Претставник на италијанската железница соопшти дека пругата не е оштетена и дека железничкиот сообраќај повторно ќе биде воспоставен по отстранување на урнатиот авион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.