| четврток, 6 декември 2018 |

Топ 10 земји во кои е најлесно да се најде работа

Според извештајот на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), со оглед на бројот на активната работна сила, бројот на жители и работните места, овие земји нудат најдобра перспектива за лицата кои бараат работа.

Ова е редоследот на земји во кои е најлесно да се дојде до работа:

Исланд

Оваа земја има ист сооднос на вработени мажи и жени, но и најголем број на ново отворени работни места. Покрај тоа, во Исланд, повеќето луѓе работат две или повеќе работни места истовремено, со скратено работно време. Стапката на невработеност изнесува ниски 4 отсто.

Шведска

Втората по ред земја е Шведска каде стапката на невработеност изнесува околу 7,4%. Причина за малку поголемата стапка на невработеност лежи во големата помош за невработените.

Норвешка

Оваа земја е оценета како една од најперспективните во потрагата по работа и за жените и за мажите. Факултетските дипломи се сметаат за голема предност при вработување. Стапката на невработеност изнесува 4,39%.

Колумбија

Оваа земја е погодна за брзо вработување, но само за мажите, кои го сочинуваат поголемиот дел од активната работна сила, додека за жените е многу потешко да најдат работа. Стапката на невработеност е околу 9%. Единствената пречка? Понизок животен стандард.

Естонија

Поранешната комунистичка земја денес покажува развојни трендови и станува лидер на Источна Европа. Стапката на невработеност изнесува околу 6,2%.

Останатите пет земји се следниве:

Русија, каде стапката на невработеност изнесува околу 6,2%.

Нов Зеланд, каде стапката на невработеност изнесува околу 5,25%

Швајцарија, каде стапката на невработеност изнесува околу 4,46%.

Финска, каде стапката на невработеност изнезува околу 9,5%.

Канада, каде стапката на невработеност изнесува околу 6,9%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top