| четврток, 6 декември 2018 |

Џеф Безос повторно e најбогат човек на светот

Основачот на Amazon, Џеф Безос се врати на првото места на листата на најбогати луѓе во светот оваа недела благодарение на зголемувањето на неговото богатство за 7 милијарда долари преку ноќ.

Цената на акциите на Amazon се зголеми откако беше објавен новиот вртоглав приход на компанијата со што богатството на Безос се искачи на повеќе од 90 милијарда долари, земајќи му ја титулата најбогат човек на светот на Бил Гејтс.

Но и цената на акциите на Microsoft се зголеми после вестите, но добивката на Гејтс нарасна само за 550 милиони долари за вкупното негово богатство да се зголеми на 88.5 милијарда долари.

Се очекува вистинска трка деновиве, бидејќи доколку цената на акциите на Microsoft се зголеми, а на Amazon се намали откако ќе започне тргувањето со акциите на берзата, Безос повторно би можел да се врати на втората позиција.

Ова не е првпат Безос да сe најде на врвот на листата најбогати во светот. За првпат ова се случи во јули годинава, но траеше само еден ден. На 27 јули цената на една акција на Amazon дојде до 1050 долари што придонесе богатството на Безос да надмине 90 милијарда долари. Но после еден ден цените паднаа, па Безос се врати на второто место.

Но се очекува ако не овојпат, тогаш во блиска иднина, кога Безос ќе дојде до првото место, да се задржи таму подолго време бидејќи Amazon започна да доминира на повеќе пазари. Цената на акција во Amazon се зголеми за повеќе од 10% односно 1067 долари по акција, а на Microsoft 86 долари, односно зголемување од 9%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top