| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Потро – Чилиќ, прв полуфинален пар на турнирот во Базел

На тенискиот турнир во швајцарскиот град Базел позната е првата полуфинална двојка. Неа ја сочинуваат вториот носител Марин Чилиќ од Хрватска и четвртиот фаворит Хуан Мартин Дел Потро од Аргентина.

Ова е епилогот по досега завршените два четвртфинални меча во кои Дел Потро го совлада Роберто Баутиста АГУТ од Шпанија со 2-1, а со истиот резултат хрватскиот тенисер славеше победа над Мартин Фучович од Унгарија.

Во тек е дуелот меѓу Федерер (Швајцарија) и Манарино (Франција) по што ќе биде познат третиот полуфиналист.

Доцна вечерва ма програмата е последното четврфинале меѓу Гофин (Белгија) и Сок (САД)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top