Ја донесов можеби најтешката одлука во мојот живот, многу се размислував и се трудев да си создадам слика за се она што следува во иднина и на крајот победи предизвикот, вели Митко Јанчев кандидат за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Функцијата градоначалник повлекува огромни обврски, огромен напор и многу труд, познавајќи се себе си и целата енергија што ја имам и големата желба за нови предизвици верувам дека одговорно и домаќински ќе ги извршувам моите должности, потенцира Јанчев.
Тој ги најави и проектите како: Две градинки, затворен пазар и гаража за паркирање, отворање на фабрика за откуп на вишокот грозје и претворање во алхолен дестилат, реконтрукција на градскиот стадион, како и отворање на нови работни места преку привлекување на странски и домашни инвестиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст