| четврток, 6 декември 2018 |

Момче се разбудило за време на својот погреб – семејството шокирано гледало како дише

Семејството на младиот Перуанец Вотсон Фреклин Мандуан Дороте од градот Тинго Марија, кој починал после операција на забот, проговорила за своето искуство за време на погребот.

Телото било во сандак кога некои од роднините забележале дека белите дробови му се подигаат и спуштаат, односно дека младото момче се уште дише. Дороте на 21 октомври докторите го прогласиле за мртов, после грозницата и температурата кои ги добил како последица на операцијата на заб.

За време на бдеењето Дороте покажувал знаци на живот, при што бил изваден од ковчегот и веднаш бил префрлен во болница, каде, сепак, било потврдено дека е мртов.

Роднините тврдат дека можеби тој целото тоа време бил жив, но под седативи, кои ги добил за време на операцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top