| четврток, 6 декември 2018 |

„Седум“ – изложба на модна колекција од Милена Атанасова наменета за смели и динаминичи луѓе

В сабота, 28 октомври во „Концепт 37“ ќе биде отворена изложбата на модната колекција „Седум“ со брендот „Атами“ на Милена Атанасова. Ова е продолжение на „Паратисима Скопје“ со серијата колаборативни настани на кои ќе се презентираат делата на домашните уметници.

– Проектот е продолжение на мини колекцијата „Седум“ промовирана на Паратисима Скопје. Butoh е мој непресушен извор на инспирација, како совршен медиум кој содржи во себе се она што ме интересира, како артист и човек. Потрага по вистината, балансот.. преку форма, движење, слика… Целта е чувството внатре, да добие лице, да се материјализира.
Продолжуваме со црно и бело, како боја, убави, природни материјали, и геометриски сечења. Нослива и комфорна облека, наменета за смели и динамични луѓе  – вели дизајнерката за новата колекција.

Колекцијата исто така вклучува соработка со графичкиот уметник Атанас Ботев.

Вечерта ќе биде пропратена со дџеј сет на Martchin.

Изложбата ќе биде отвореназа посетители во арт-кафето „Концепт 37“ до 5. ноември 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top