Резултатгите од анкета спроведена од една интернационална интернет страница за познанства, со која биле опфатени 22.753 испитаници, покажуваат дека Австралијците, Јужноафриканците и Американците, сите со оценка 8 од 10, се најдобро рангирани љубовџии во светски рамки.
Како најдобри љубовџики пак, исто така со осумка, се оценети Канаѓанките, Французинките, Италијанките и Американките.
Во анкетата учествувале само хетеросексуалци. Тие требало да ја оценат последната личност со која воделе љубов, со оценка од нула до 10, но и да наведат од која земја е дотичното лице.
Во машка категорија, при врвот на листата се и Канаѓаните, Французите, Германците, Индијците, Италијанците и Шпанците, со оценка 7. Оценка подолу добиле Британците, а Новозеланѓаните поминале со „четворка“, наведува „Индепендент“.
Во женска категорија пак, „седумката“ оди кај дамите од Јужна Африка, Германија, Индија и Велика Британија, а како малку полоши љубовнички се покажале Австралијките, Новозеланѓанките и Шпанките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст