| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како се обезбедуваат гласовите во општина Тетово (документ)


Со оглед на тоа дека купувањето или продавањето на гласови е кривично дело со казна затвор до пет години затвор, политичките партии користат различни начини да стигнат до обезбедување на гласовите.
Кривичниот законик – Член 162: Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга лична корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години. Со казната од членот 1 ќе се казни и лицето со избирачко право и кое ќе бара за себе подарок или друга корист, за да го врши, или да не го врши избирачкото право во определена смисла.
Документот што е испратен до нашата редакција метеор.мк, објаснува дека општина Тетово има доделено договори од овој тип (документи) за сите оние кои обезбедуваат повеќе од 50 гласа.
Ние не знаеме точно дали купувањето на гласови функционира на тој начин, останува на вас да го осудите ако го погледнете документот подолу, каде текстот го објаснува овој вид на манипулација.
Лични информации на личноста се избришани од нашата редакцијата за прашањата поврзани со приватноста.

http://meteor.mk/

Ja si sigurohen votat nga Komuna e Tetovës (Dokument)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top