„Делото не е од лукративна причина и не е да се оствари имот за себе или било кој друг. Сум бил во долгови и во последните два месеци бев под закани јас и семејството. Губењето самоконтрола ме доведе до ова. За себе можам да кажам дека сум бил пример во приватниот живот, општеството, а до кражбата за себе можам да кажам дека не сум бил криминалец, ниту имам криминален ум. Еднаш во животот сум згрешил и по настанот сум се пријавил кај директор. Второ и третообвинетиот ненамерно сум ги вмешал, за себе ги барам и нивните казни. Колку е поблага казната и колку побргу се вратам во општество ќе почнам побрзо да придонесувам“.
– Ова се завршните зборови на првиот обвинет во случајот со грабежот на НЛБ банка трезористот Бобан Смилевски, пренесе ТВ24.
Според информациите на ТВ 24 Смилевски ја признал вината, рекол дека арите ги украл оти бил во долгови и тој и семејството биле под закани а на останатите осомничени во случајот им се извини и нивните казни ги побара за себе.
ТВ 24 уште пишува дека Смилевски и се извинил на банката за нарушениот углед, им се извинил на своите родители за нанесениот стрес и срам, на својата сопруга која ја оставил со две малолетни близначиња, на својот внук кој го оставил без татко. Неговиот брат е второбвинет во случајот, а обвинителството и за двајцата бара максимална десетгодишна казна затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст