| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон го „прогонувала“ принцот Вилијам?!

Во новата биографија за војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, откриени се нови детали за љубовната приказна со принцот Вилијам.

Имено, според официјалната верзија на кралското семејство, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се запознале за време на студиите на престижниот Универзитет Св. Ендрјус. Откако дипломирале, се забавувале уште неколку години, а принцот Вилијам во 2010 година гордо ја претстави својата свршеница пред целиот свет.

Една година подоцна, се одржа една од најгламурозните венчавки, а наскоро станаа и родители на малиот принц Џорџ, па на принцезата Шарлот, додека моментално го очекуваат третото дете.

Но новата книга на Кати Никол – „Кејт: Следната кралица“ – открива како всушност се запознал омилениот кралски пар.

За време на собирањето информации за војвотката, авторката на книгата разговарала со многу нејзини пријатели од младоста кои рекле дека Кејт и Вилијам се запознале пред доаѓањето на факултет.

„Не го запозна на факултет. Го познаваше многу порано пред доаѓањето на факултет, преку пријателка која беше мноу блиска со Вилијам и Хари“, рекла една познаничка на Кејт Мидлтон.

Познато е дека Кејт во 2001 година одлучила да се запише на факултетот во Единбург, а се’ било подготвено за нејзиното доаѓање таму. Но во последен момент ја сменила одлуката и ги шокирала родителите и пријателите со запишувањето на Св. Ендрјус, каде што се запишал и принцот Вилијам, со кој подоцна започнала љубовна романса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top