Обвинителката од судот побара највисоки казни за четворицата обвинети за грабежот во НЛБ банка зашто признале вина, не се каат за кражбата, а се обиделе да ги уништат трагите. Еден од нив, кога ги украл парите, го фрлил мобилниот телефон.
Обвинителката рече дека обвинетите не кажале каде точно се парите. ОЈО ќе бара да биде одземен автомобилот со кој ги пренесувале украдените пари.
Адвокатот на првите двајца обвинети, Бобан и Горан Смилевски, побара од судечкиот совет поблага казна. Причина за тоа е нивната влошена здравствена состојба, како и старателството на детето на првообвинетиот.
Според одбраната, обвинетиот донирал пари во добротворни цели и на судот му испратил признаници и благодарници за тие активности. Второобвинетиот Горан Смилевски е претседател на Синдикатот на вработените во НБРМ поради што уживал висок општествен углед. Според неговиот адвокат, добивал признание и високи оценки за својата работа.
Во кривичниот суд денеска се изнесуваат завршните зборови во случајот со милионскиот грабеж на пари од НЛБ банка во Скопје. Четворицата обвинети (Бобан и Горан Смилевски, Борис Мичевски и Мирослав Каевски), на минатото рочиште го признаа кривичното дело, но не открија што направиле со украдените пари.
Обвинетите, искористувајќи ја својата работна позиција и познавањето на процесите на работата во банката, на еден датум украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра, а на друг 2 милиона швајцарски франци и 270.000 евра.
За кривичните дела тешка кражба и затајување, за кое се товарат обвинетите, предвидена е затворска казна од три до 10 години, односно од една до 10 години.
Надлежниот обвинител, кој го води предметот, до судот доставил и обвинителен предлог против други четири лица, кои како одговорни лица во банката постапиле несовесно, со што ја овозможиле кражбата. Тие се товарат за несовесно работење во службата. Постапката за нив продолжува одвоено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст