Во периодот од 20 до 26 октомври оваа година на подрачјето на Градот Скопје Одделението за увид на сообраќајни незгоди изврши увид на вкупно 73 сообраќајни незгоди.
Во извештајниот период случени се шест сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди во кои шест лица се здобиле со тешки телесни повреди. Дваесет и седум сообраќајни незгоди се со последица телесни повреди, а во нив со полесни повреди се здобиле 43 лица. Во 40 сообраќајни незгоди е причинета само материјална штета.
Одделението за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во текот на изминатите седум дена по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот откри голем број прекршоци, при што се санкционирани поголем број од нив. Во контекст на преземените репресивни мерки за сторените сообраќајни прекршоци се истакнуваат неколку за кои се смета дека се загрозувачки по безбедноста на учесниците во сообраќајот, меѓу кои се 29 возачи кои се санкционирани за непочитување на ограничувањето на брзината на движење, 22 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 70 лица управувале возило пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 13 возачи кои поминале на црвено светло.
Со специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите седум дена подигнати се 326 возила.
Во неделата што измина Одделението за превенција во рамките на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ спроведе едукативна работилница со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „11 Октомври“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.
Од сообраќајната полиција предупредуваат дека во деновите на викендот првенствено ќе се работи на откривање и санкционирање на потешки прекршоци кои според статистиката се загрозувачки и најчеста причина за случување на сообраќајни незгоди, како управување на моторно возило под дејство на алкохол, за брзо возење, не давање првенство на движење, поминување на црвено светло и други прекршоци од возачи и пешаци.
Со оглед на период кој претстои, временските услови, дождови, магла и влажен коловоз кои претставуваат пречка за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот од сообраќајната полиција упатуваат препорака до возачите за прилагодено движење на возилата према условите на патот, да држат доволно растојание помеѓу возилата и да возат внимателно и претпазливо за своја лична безбедност и безбедност на останатите учесници во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст