| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе прва жртва на морбили во Грција

Едно 11-месечно бебе, кое почина од морбили во болница во Грција, е првата жртва на оаа болест во земјата годинава, информира весникот „Та Неа“.

Бебето не било вакцинирано затоа што било под возрасната граница од 15 месеци.

Според податоци на Грчкиот центар за контрола и превенција на болести, во Грција досега се регистрирани вкупно 326 случаи на морбили.

Повеќето од нив се мали деца во јужниот дел на земјата, меѓу кои најголемиот број се Роми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top