Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев беше приведен вчера попладне, а веста за приведувањето на Јанчев ја потврди и лидерот на опозицијата, која одржа вчера митинг во Могила.
–Поминаа триесетина дена откако кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци беше застанат од полиција и му беше вперено оружје и беше малтретиран. Нема никаква одговорност, ниту дисциплинска постапка. Веќе еден час повторно вечерва го држат во полициска станица. Тоа е СДСМ и нивното спроведување избори, изјава во Могила лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Засега не е познато зошто Јанчев бил задржан повеќе од еден час во полициска станица. Јанчев по нешто повеќе од еден час заминал од полициската станица.
Ден пред да започне предизборната кампања, кога патувал за да присуствува на конвенцијата на партијата, на влезот во Скопје полицијата се изживуваше врз Јанчев, сопственик на фирмата „Кожувчанка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст