Британскоот весник „Тајмс“ во свое издание му посвети стаија на легендарниот македонски пејач Тоше проески во рубриката за животот и работата на познатите британски и светски научници, политичари или уметници.
Најпопуларниот пејач на Балканот, пишува „Тајмс“, во текот на својот краток живот, кој на 16 октомври го прекина тешката сообраќајна несреќа, успеа како никој пред него да ја надмине разликата меѓу народот и културата на просторот на југот на Европа каде последните децении беа одбележани со војни и кризи.
Веста за смртта на Тоше Проески во поранешните републики е примена со шок сличен на оној кој своевремено го доживеаа обожувателите на Елвис Присли или Џон Ленон, пишува „Тајмс“, додавајќи дека собранието во државата на денот ја прекина седницата и целиот народ излезе на плоштадот или во некоја од црквите со цел да запали свеќа или однесе цвеќе во негова чест. Исто така се наведува дека Проески, покрај тоа што изгради успешна кариера како музичар, беше и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.
На хуманитарните концерти низ целиот Балкан тој неуморно собираше помош за сиромашните и децата со пречки во развојот, а парите ги вложувал и во изградба на училишта во својата родна Македонија, додава „Тајмс“.
Последниот концерт, кој се одржа на 5 октомври во Скопје пред 30.000 посетители од сите републики на поранешна Југославија, Проески по свој обичај го заврши со зборовите „Ве сакам сите“, пишува “Тајмс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст