| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Бланшет: “Жените сакаат да изгледаат секси, но тоа не значи дека сакаaт да легнат во кревет со вас!”

Вознемирена поради случувањата во филмската индустрија и сексуалните насилници и нивните жртви, глумицата не можела да не каже неколку зборови на таа тема на синоќешното доделување на модните награди од магазинот “InStyle”.
Синоќа се одржа доделувањето на наградите од магазинот “InStyle”, а Кејт Бланшет е една од ѕвездите кои со себе понесе награда.

Во краткото обраќање кон публиката таа се заблагодарила на сите луѓе кои ѝ помогнале во кариерата, а дел од имињата кои ги споменала се едни од најголемите светски модни икони како Николас Гаскиер, Стела Мекартни, Сара Бартон и Џорџо Армани.

“За мене, вистински стилски икони, а тоа е колку што сум известена тема на вечерта, се секогаш жените кои се свои, кои не се извинуваат и се прифаќаат себе си со своите маани”, вели Кејт.
“Жените кои се свесни за својот изглед, свесни се дека тоа е само мал дел од тоа што се и се храбри да носат што сакаат и да изгледаат како сакаат”, додава познатата глумица.

Кејт воедно им се обратила и на машката публика и рекла дека немаат право да ги коментираат жените според надворешниот изглед, посебно не со навредливи и сексуални зборови.

“Жените сакаат да изгледаат секси, но тоа не значи дека сакаат да легнат во кревет со вас. Секој има различен стил: мажи, само затоа што жената облекла нешто секси не значи дека сака нешто повеќе”.
Глумицата за оваа прилика облекла фустан со должина до колена, кој имал интересен дезен, а носела и иста боја на обувки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top