| четврток, 6 декември 2018 |

Моите 12 пеколни години, Бред Пит отворено за бракот со Џоли

Холивудскиот актер Бред Пит, кој пред една година реши да се раздели од сопругата Анџелина Џоли, и до ден-денешен не може да дојде на себеси. Уметникот рече дека по напуштањето на Џоли тој отишол кај психолог за да го врати својот ментален баланс.

Тој во неколку наврати призна дека проблемите во неговиот брак долго време траеле. Поради семејните проблеми тој дури и почнал да се фаќа за шишето. Од последниот број на магазинот Star сепак станува јасно дека животот меѓу двајцата, барем според 53-годишниот актер бил „12 години пекол“.

Извор, кој побарал анонимност, изјавил дека Пит само навидум ја наведнува главата и жали за бракот со Џоли. „Од самиот почеток, нивната врска беше осудена, бидејќи меѓу нив постојано имаше само драма и гнев.

Тие никогаш не имале нешто друго освен добар секс “, вели информаторот.

Изгледа Пит се справил со депресијата, а судејќи по гласините тој си фатил нова девојка – 21-годишната британска актерка Ела Пернел.

Двајцата работат заедно над екранизацијата на книгата на Стефани Данлар „Sweetbitter“, каде Пит се појавува како продуцент, а на младата актерка и е доверена главната улога. Џоли сè уште не ја коментира веста. Таа ги концентрира сите нејзини напори кон воспитување деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top