Европскиот парламент денеска изгласа нова мерка со којашто се укинува удирањето печати во пасошите.
Европскиот парламент усвои воспоставување систем за регистрација на податоци за влез и излез на државјаните на трети земји кои ги поминуваат границите на ЕУ, кој од 2020 година ќе предизвика значителни промени во шенгенскиот простор.
„Новите мерки нема да го отежнат животот на граѓаните од Западниот Балкан, напротив, ќе го олеснат поминувањето на границите. Целта е да се патува што побрзо. Истовремено, и да придонесе во борбата против тероризмот. Целиот систем го нарекуваме паметни граници”- вели пратеникот во Европскиот парламент Тања Фајон.
Предвидена е усогласена и единствена електронска контрола на документи при влез во ЕУ, со која ќе се проверуваат податоците од пасошот, но и дозволеното време за престој во шенгенскиот простор.
Новиот автоматизиран систем на границите ќе собира биометриски податоци и ќе ги препознава граѓаните при следните патувања. Со ова, ќе се намали и можноста за измами, кражби на документи и идентитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст