Многу пред бранот на обвиненија да се спушти врз Харви Вајнштајн, некогашната детска ѕвезда Кори Фелдман, предупредуваше на зачестувањето на сексуалното вознемирување и злоставување во Холивуд.
Во своите мемоари „Coreygraphy” од 2013 година актерот детално опиша како него и неговиот пријател Кори Хајм во екот на нивната слава во осумдесеттите, ги злоставувал маж од филмската индустрија.
Според Фелдман, Хајм е силуван кога имал само 11 години. Ѕвездата на филмот „The Lost Boys” никогаш не ги открил имињата на одговорните, а после разоткривањето на Вајнштајн, трпел притисок од јавноста и самиот да проговори за тоа што му се случило. Во емотивното видео кои го објави на твитер, Филдман изјави дека се уште не е подготвен да
ги разоткрие своите злоставувачи и дека планира да сними филм за своето искуство.
„Тоа ќе биде најискрената и највистинската екранизација за злоставување на деца некогаш
снимена“ – изјави тој.
Фелдман планира сам да го режира, продуцира и дистрибуира тоа остварување, а очекува да добие донации од своите фанови. Исто така започна Индигого кампања со цел да собере 10 милиони долари за својот вистински тим, обезбедување за себе и својата фамилија, како и за снимање на филмот.
„Веднаш можам да набројам шест имиња“, изјави Фелдман за холивудските педофили злоставувачи. „Еден од нив и понатаму е моќен“.
Како што изјави, се надева дека со својот филм ќе го сруши ланецот на педофилија и ќе донесе револуција во филмската индустрија, како би станала безбедна за најмладите.
Тој изјави дека веќе е загрижен за својата безбедност и дека веќе два пати за малку ќе бил прегазен на пешачки премин.
„Не е лесно. Деградиран сум на сите нивоа. Пуштени се гласини, се измислуваат приказни за мене….се поради тоа што го знам“ – изјави тој.
„Правдата ќе победи, бидејќи ова е битка меѓу доброто и злото“.
COREY FELDMAN'S TRUTH CAMPAIGN #HelpCoreyFeldman #Pizzagate #PedoGate https://t.co/2OXnFlOFRo
— BernUpInjustice (@mc_sabra) October 25, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


