Светските финансиски институции и економските експерти на неколку наврати го намалија прогнозираниот раст за Македонија. Покрај Светската банка и Стопанската комора на северозападна Македонија, кои го намалија прогнозираниот раст на ММФ за Македонија, од 2.5%, на 1.5% и 0,7%, соодветно, и најновата анкета на НБРМ, прогнозира дека годишниот раст на БДП ќе се движи во интервалот од 0,5% до 0,9%, за 2018. Притоа, агрегатната веројатност укажува на 65% веројатност дека растот на БДП во 2017 година ќе биде над 0,5%.

Во поглед на очекувањата за стапката на инфлација за 2017 година, испитаниците оцениле највисока веројатност дека просечната годишна стапка на инфлација ќе се движи во интервалот од 1,0% до 1,4%, за 2018 ќе биде помеѓу 1,5% и 1,9% и за 2019 година дека ќе биде помеѓу 2,0% и 2,4%.
Инаку, во истражувањето на НБРМ, насловено „Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП“, учествуваше тим составен од економски експерти и прогнозери, што го следат кварталниот прашалник за професионални прогнозери (Quarterly Survey of Professional Forecasters) што го спроведува Европската централна банка (ЕЦБ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


