Викарниот епископ лешочки Јосиф е најсериозниот кандидат за наследник на полошко-кумановскиот митрополит, Кирил, објави телевизија Сител, повикувајќи се на извори во МПЦ. Тој заедно со Поглаварот на МПЦ, до изборот на нов митрополит во следните шест месеци ќе ја води оваа епархија.
Црковни извори за Сител, велат дека иако во игра за наследник на Кирил можат да влезат сите членови на Синодот, сепак нов полошко кумановски митрополит ќе произлезе од редот на младата генерација Ахриереи, за да внесе една нова свежина, особено во развојот на монаштвото. Ниту еден од постарите владици не покажал интерес за оваа епархија.
Не се исклучува можноста интерес да пројават и двајцата архиереи од дијаспората, Владиката Пимен и Владиката Методиј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


