| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гостивар повеќе од илјада лица пријавиле бактериска инфекција

Над илјада лица со зголемена температура, малаксаност и стомачни тегоби изминатите четири дена побарале медицинска помош на инфективното одделение во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар. Поради зголемениот обем на работа, болничката управа решила да ги користи капацитетите од другите одделенија, така што пациентите биле примани на детското, гинеколошкото и интерното одделение.

– Од крвните анализи добиваме резултати дека станува збор за бактериска инфекција. Денес состојбата е помирна и бројот на пациенти е намален, но сепак имаме зголемен обем на работа – истакна д-р Ратко Наумоски, инфектолог во одделението.

Тој потврди дека поголемиот дел од пациентите по добиената терапија се чувствуваат подобро и не се враќаат на дополнителен третман. Засега немало пациент со потешка клиничка слика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top