| четврток, 6 декември 2018 |

Како Велимир Смилевски стана олигарх со четири стана и куќа надвор од Бутел?

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски, кој од Бутел се има преселено пред петнаесетина години, со неговото семејство доаѓа до имот од четири стана во Центар, куќа во Карпош, како и деловен простор од скоро 300 м2 во скопска Кисела Вода, објавува Денешен.мк.
Откако Велимир Смилевски и неговото семејство ја продаваат куќата во Бутел, тие купуваат куќа во скопски Карпош која е на име на неговиот татко Смилевски Санде. Во 2012 година семејството Смилевски се стекнува одеднаш со четири станови во општина Центар, кај Католичка црква.

-Потоа во Стаклара во Кисела Вода се стекнал со деловен простор од 285 м2 за кој има склучено договор за закуп од 250 евра за м2 месечно или 71.000 евра месечно. Киријата е евидентирана во Централниот регистар. Бидејќи се работи за нереално висока цена на кирија се отвораат сомнежи дека се работи за организирано перење на пари.


Причината за огромниот капитал на Смилевски лежи кај неговиот татко кој долги години бил комерцијален директор на Жито Лукс, вклучително и во периодот на стечај и неговата продажба на грчките газди, пишува Денешен.мк.

Велимир Смилевски како дете од транизицски олигарх сега се натпреварува за градоначалник во општината од која се има иселено пред 15 години. Останува нејасно и треба да се испита како се стекнало неговото семејство со имот од 4 стана во Центар и куќа во Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top