| четврток, 6 декември 2018 |

Баба криела 260.000 евра во долна облека и во торба

Српските цариници во соработка со граничната полиција на граничниот премин Градина кај двајца патници откриле 260 илјади евра. Станува збор за мајка и син од турска националност кои се враќале во нивниот дом во Германија.

Во утринските часови за редовна царинска контрола се пријавил германски државјанин по потекло од Турција, со кој патувале 70-годишна турска државјанка и нејзиниот 35-годишен син, кој имал германско државјанство.

Иако патниците кажале дека немаат што да пријават за контрола, при проверката на нивниот автомобил во женска чанта се пронајдени 125 илјади евра, завиткани во алуминиумска фолија. Тоа била причина да биде извршен претрес и на 70-годишната жена, која во долната облека криела уште 141.000 евра.

На мајката и на синот им биле вратени 10 илјади евра, колку што е дозволено да носат со себе, а останатите пари ќе бидат задржани до завршувањето на прекршочната постапка која се води против нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top