| четврток, 6 декември 2018 |

Mожe да се гласа само со важечка лична карта или патна исправа

Граѓаните, како што посочуваат од ДИК, кои сакаат да го остварат своето избирачко право во вториот круг за избор на градоначалник на општината, треба веднаш да извадат нова лична карта или патна исправа.
Граѓаните кои се запишани во избирачкиот список, а на кои рокот на важност на документот за лична идентификација им истекува меѓу двата изборни круга на локалните избори, во вториот изборен круг што ќе се одржи на 29-ти октомври, можат да гласаат единствено со важечка лична карта или патна исправа, информираат од Државната изборна комисија.

Граѓаните, како што посочуваат од ДИК, кои сакаат да го остварат своето избирачко право во вториот круг за избор на градоначалник на општината, треба веднаш да извадат нова лична карта или патна исправа.

Од МВР информираат дека сите Одделенија за управни работи ќе работат и во сабота и во недела. Барањата за лични карти ќе се примаат и итно ќе се одобруваат заклучно со сабота до 16 и 30. В недела Одделенијата за управни работи ќе работат од 7 до 19 часот само за издавање на лични карти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top