Катарина Оксенберг, ѕвезда на серијата Династија и ќерка на Јелисавета Караѓорѓевиќ, минатата недела за магазинот Пипл, раскажала како нејзината 26 годишна ќерка потпаднала под влијание на лидер на сектата Нксивм.
Оксенберг сака да ја разоткрие групата која наводно помага на луѓето и која ја предводи Кит Раниер. Катарина раскажала како во 2011 година таа и предложила на ќерка и Индија да се пријави на часови во групата, која наводно помага на луѓето да се чувствуваат подобро и која работи на самодоверба на младите. Веднаш на почетокот забележала дека грпата е чудна и морничава, но на ќерка и и се допаднала програмата која Раниер ја покренал уште пред 20 години. Мајката не сакала да застане на патот на своето дете, но работите излегле од контрола.
-Курс по псхихологија со практична настава која работи на совладување на вештините кои обезбедуваат успех во животот-пишува на сајтот на Нксивм страницата.
Мислењето за групата на Кит се променило кога Катарина разговарала со Бони Пиеси, жена која ја напуштила групата. Според нејзините зборови, групата е всушност секта која ги тера своите членови да бидат на ригорозна диета и на своето тело да ги врежат иницијалите на лидерот на групата.
Бони инсистрирала Катараина да направи се за да ја спаси ќерката.
Оксенберг била изненадена кога видела колку нејзината ќерка ослабела и ја молела да ја напушти групата, но Индија не сакала да ја напушти групата и престанала да комуницира со неа.Таа е многу загрижена за ќерка и и како што изјавила, подготвена е да направи се за таа да и се врати.
Случајот за озогласената група виси во воздух. Се чека реакција и истрага на надлежните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)