| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје започнува младинско првенство во шах

Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје денеска ќе се одржи Првенството на Скопје во шах за млади.

Првенството се одржува во три категории: за ученици од прво до петто одделение од основните училишта, за ученици од шесто до деветто одделение и за ученици од средните училишта.

Турнирите се играат по швајцарски систем од девет кола. Темпо на игра е 10′ + 05″ по играч (10 минути со додаток од 05 секунди за секој одигран потег).

Натпреварите ќе ги водат шаховски судии, одговорни за регуларноста и правилата од Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на  Град Скопје.

Најдобрите на трите турнири ќе бидат наградени за прво место – таблет, пехар, медал, диплома, за второ и за трето место медал и диплома.

Предвидени се и специјални награди за најдобро пласираните девојчиња на трите турнири.

Покрај награди за учениците ќе бидат доделени и три награди (таблети)  за менторите на учениците кои ќе ги освојат првите места на трите турнири.

Шахот има за цел да ја развие мислата и концентрацијата на децата, како спорт кој делува на психичкиот развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top