| четврток, 6 декември 2018 |

Привремен режим на сообраќај од патарината кај Петровец кон Хиподром

Од денеска почнуваат градежни активности за обнова на патот од Кадино до Хиподром, на потегот од наплатната станица Петровец кон Хиподром, заради што ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај и ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојба на патиштата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Предупредува дека во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top