Лидерот на Алијансата за Албанците и кандидат за градоначалник на Струга Зијадин Села вечерва потврди дека неговата партија останува дел од владејачката коалиција.
– Остануваме на ставот дека информациите за излегување од Владата се шпекулации, дел од пропагандата на ДУИ. Ова го имаше и во првиот круг од изборите не само во вториот круг. Цело време шпекулираат, дезинформираат дека ние не сме веќе дел од владината коалиција. Тоа е со цел да ги заплашат гласачите. Јасно е како ја водат кампањата, сакаат да ги заплашат, да ги уценат гласачите и граѓаните и на таков начин да дојдат до подобар резултат – рече Села во емисијата Топ тема на ТВ Телма, во која не се одѕвал на поканата за учество Рамиз Мерко од ДУИ и негов противкандидат во вториот круг од локалните избори.
Тој посочи дека ова се локални избори и како коалициски партнер досега воопшто немале разговори со премиерот Зоран Заев на оваа тема.
Во однос на тоа дали е задоволен од досегашната истрага за насилствата во Собранието од 27 април, Села рече дека треба многу повеќе да се направи, не затоа што е лично засегнат, туку пред се заради реформите во правосудството, кои смета дека се одвиваат многу бавно.
– Ние треба да градиме многу подобра иднина за нашите деца, а тоа почнува со правосудниот систем. Мора да градиме независно, судство, непартиско и само во тој случај ќе бидеме горди дека сме направиле вистинска работа. Се уште има време. Треба да и се остави време на новата Влада за да се направат овие реформи бидејќи тоа е процес. Затоа и рековме дека сме на некој начин предводници на реформите – рече лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст