| четврток, 6 декември 2018 |

Родени сте на непарен ден, месец или година? Погледнете што значи таква комбинација на броеви

Тоа што некоја личност е родена во непарен ден, непарен месец и/или непарна година има своја цел, а нумерологијата на овој начин ви помага да дознаете неколку работи за себе и за другите. Сведете ги вашиот ден, месец и година на раѓање на едноцифрен број и одговорот побарајте го во комбинациите подолу.

На пример, ако сте родени на 14.11.1977 година, тоа би изгледало вака: 1. Ден: 14=1+4=5 2. Месец: 11=1+1=2 3. Година: 1+9+7+7=24=2+4=6 Според ова, вашата комбинација 5-2-6 е непар, пар, пар.

Направете ги едноставните пресметки и потоа пронајдете ја вашата категорија во објаснувањата подолу. Ќе се изненадите што сè можете да откриете за вашиот карактер од оваа анализа…

1. Комбинација непар – непар – непар

За личностите родени во оваа комбинација се смета дека секогаш тежнеат кон светлата страна. Тие би требало да бидат насочени кон уметноста, а исто така да им се посветат на древните окултни учења. Се смета тие се чувствителни, духовни и благородни.

Честопати во животот се поставуваат и се докажуваат како големи сонувачи, а прилично тешко се снаоѓаат во практичните работи. Но, тоа во никој случај не значи дека не поседуваат посебно квалитетна и креативна енергија. Овие личности живеат за љубов, но честопати страдаат токму поради неа. Се смета дека на емотивен план тешко поставуваат рамнотежа, односно се премногу чувствителни и ранливи.

Ним во многу моменти им е тесно и во сопствената кожа, при што не знаат што да прават со себе. Тогаш сѐ им изгледа бесмислено и бесцелно, па се нерасположени. Сепак, тоа кај нив трае кратко, па веќе во наредниот момент може да се претворат во личност која е полна со свежина и оптимизам.

По правило, личностите родени во целосно непарна комбинација имаат прекрасна и широка душа. Тие умеат да сочувствуваат со нивните блиски и да се соживуваат со нивните проблеми. Но, бидејќи се премногу чувствителни, лесно е да го изгубат своето расположение, дури и поради некои најобични и неважни работи кои само тие ги гледаат и само ним им пречат.

Честопати кога им се лутат на другите, таа лутина може целосно да ја пренесат и на самите себе. Се случува во одреден момент тие да сакаат многу повеќе отколку што ситуацијата тоа може да го дозволи, па тоа е најчеста причина за појава на нервоза и бес.

2. Комбинација непар – непар – пар

Сите кои се родени во комбинација на непарен ден и месец, а парна година, се сметаат за премногу емоционални личности. Но, тие својата емоционалност вешто ја прикриваат, при што понекогаш и самите не можат да си поверуваат како можат да го изведат тоа.

Ако другите не ја познаваат нивната вистинска природа, тие остануваат мистериозни за околината. Карактеристично за нив е што не зборуваат за своите планови и намери, дури ниту со своите блиски. Имено, тишината за нив е вистинска формула и тајна за успех. Доколку зборуваат за работите кои планираат да ги остварат, тогаш тие ќе се чувствуваат незаштитено и сметаат дека некој ќе им се попречи на нивниот пат.

Личностите родени во оваа комбинација живеат живот под маска – не треба да се обидувате да ги сфатите или да ги разоткриете. Секогаш кога ќе помислите дека неизбежно е да ви ги доверат своите тајни, тие ќе измислат некоја друга вистина за себе и истата ќе ви ја соопштат. Затоа, подобро е да не им вршите притисок.

Иако можеби тие би сакале да ви се доверат искрено, нивната потсвест ги тера да ве излажат. Доколку навистина сакаат да лажат во некоја ситуација, тоа никогаш и никој не може да го открие.

Доколку пак се определат за некоја уметничка вештина, неминовно е дека зад себе ќе остават прекрасни дела, со најголеми уметнички и естетски вредности.

3. Комбинација непар – пар – непар

На сите кои се родени во оваа трета комбинација им е судено во животот да се карактеризираат како креатори на нешто материјално, односно нешто со реални вредности. Од оваа комбинација најпознати се светските архитекти и иноватори, како и личности кои успехот во основа го согледуваат во природните науки.

Определувањето за кариера во некоја друга област е многу поретко. Интересно е дека овие луѓе можат да бидат во успешен брак од која било астролошка-нумеролошка комбинација. Основата за таквата предодреденост се наоѓа во фактот што овие личности се најголеми носители на хармонијата.

Кај нив го има сѐ она што им е потребно на другите комбинации и затоа може успешно да се вклопат со која било друга комбинација. Овие личности по природа се отворени, што на многумина им се допаѓа, па честопати се обожавани од другите. Се карактеризираат со голема динамичност и со нив не може никогаш да ви биде досадно.

4. Комбинација пар – непар – непар

Иако личностите од четвртата комбинација си се сметаат за големи експерти, рационални и луѓе кои сакаат акции, ним им е судено да се стремат кон мистицизам и окултни учења. Меѓутоа, тоа ни најмалку не им пречи при решавањето животни проблеми. Напротив, им дава предност во однос на оние кои се определиле за материјалното или духовното. Карактеристично е што личностите од оваа комбинација може да се обидат со сите спортски дисциплини, најразлични учења, па нема област во животот која им е непозната или недостапна, туку само во прашање е нивната желба.

Никој друг освен нив не е во состојба да биде како „зачин во секое јадење“ и оној кој дава конечен, завршен вкус. За нив не постојат важни или неважни работи, туку сѐ е подеднакво важно и вредно. Тие на ништо не даваат приоритет. Имаат исклучителна способност за набљудување и ангажирање, па никогаш, ништо не може да ги врзе и да ги задржи подолго време. Се претпоставува дека овие личности треба да бидат, макар и како хоби, скулптори, сликари и градежници.

Тука се во способност да ја изразат својата природа во сите практични и мистериозни бои и аспекти.

5. Комбинација непар – пар – пар Родителите би требало да бидат многу среќни кога ќе им се роди вакво дете! Имено, со нив нема да имаат потешкотии при одгледувањето, а ниту пак подоцна во самостојниот живот. Овие личности се одликуваат со одредена умереност на емотивен и духовен план, како и во сите други области на живеење. Карактеристично е што во секој од нив доминира целосна рамнотежа.

Ним им се предвидува сигурен успех доколку се занимаваат и се посветат на природните науки. Може да се каже дека се родени математичари и физичари, но и дека со огромен успех може да се покажат како биолози, посветени градинари, аналитички еколози. Сѐ што има врска со природните науки, ним им е лесно и тоа го сакаат. Со својата упорност ги отстрануваат и најголемите пречки кои им се појавуваат на зацртаниот пат и секогаш стигаат до посакуваната цел.

Тие никогаш и под никакви околности не си дозволуваат да имаат бурна реакција, без оглед на одредени работи и појави кои излегуваат од кругот на нормалното. Тие делуваат како апсолутно ништо да не ги иритира, но тоа не е точно, зашто успеваат сите да ги доведат на правото место, па не сакаат да прават непотребен циркус. Во околината секогаш се покажуваат како ведри личности кои се грижат за општото добро.

Сакаат многу и се стремат кон остварување едноставен и мирен живот. Може да проголтаат многу работи, но во вистинскиот момент го наплаќаат тоа, дури и со камата.

6. Комбинација пар – непар – пар Кога околината мисли дека некоја личност е ладна, најверојатно се работи за личност родена во оваа група. Тоа надворешно студенило, од кое личноста може да се срами, е само последица на максимална рамнотежа, која овозможува во секоја прилика да реагираат остро, со ладна глава и соодветно. Таквата поставеност кон светот им овозможува на овие личности да се впуштат во каква било работа. Особено им се погодни оние работи каде што се бара голема организација. Тоа ги прави задоволни и не им е тешко да извршат некоја голема трансакција или задача.

Само тие се во можност во секој момент да знаат што се случува во одреден дел од работата и секогаш при рака имаат подготвено повеќе алтернативи за секој проблем или пречка што може да се појави. Овие личности лесно можат да им ја наметнат својата волја на другите од околината. Слично се случува и кога ќе сакаат да придобијат некого. Имено, доволни им се неколку зборови и еден значаен поглед за од секого да направат да биде нивен следбеник и потчинет. Кога е во прашање оваа шеста комбинација, може слободно да се каже дека на овие личности им е апсолутно непозната каква било духовна криза.

Тоа им дава огромна предност во споредба со личностите родени во останатите комбинации, па затоа и многу често им завидуваат. Способноста успешно да се носат со сите проблеми е примарна во нивниот живот, па мирните периоди може да им изгледаат многу досадни и неинтересни до таков степен што честопати се впуштаат во големи потфати за кои однапред знаат дека нема да имаат никаква корист.

7. Комбинација пар – пар – непар Во седмата комбинација постојат два пара и еден непар и тоа укажува на фактот дека овие личности му се подостапни на физичкиот свет и имаат големо ниво на знаење. Тоа посебно доаѓа до израз доколку овие личности се одлучат за кариера како лекари, хирурзи, психолози или психијатари.

Неверојатна е брзината и точноста со која тие дијагностицираат нешто и нивната брзина да извршат повеќе операции. Во овие области се без конкуренција, без разлика дали се работи за медицина или економија. Тие секогаш се присутни со вистинското решение. Ним како да им е судено да им помагаат на другите и притоа да не водат сметка за своите интереси. Секогаш се достапни и подготвени да спасат некого.

Сосема им е сеедно кој е во неволја, затоа што кон сите имаат еднаков третман. Старите пријатели немаат некои поволности, а ниту пак непознатите имаат полош третман. Тие се универзални спасувачи. Оваа комбинација им дава на личностите кои имаат повисоко образование уште поширок поглед на светот и владеење со разни области и работи.

Може да бидат одлични во полето на мистиката и окултизмот, иако тоа е област која не ги привлекува, но тие со леснотија може да го надминат овој проблем и да станат познати. Не треба да се заборави и тоа дека овие личности се класифицирани како исклучително рационални видови, односно категорија која не верува премногу во непознатото.

8. Комбинација пар – пар – пар Кај лицата родени во целосен астролошко-нумеролошки пар, се нагласува нивната ориентација која е насочена кон земните работи. Таквата основа во никој случај не ја исклучува суштинската и големата чувствителност што тие ги поседуваат и упатува на еден многу чувствителен и длабок внатрешен живот. Можеби најдобриот пример за ова тврдење може да се најде во односот кон уметноста.

Овие личности се свесни за нивниот недостаток на потенцијал за сами да создаваат уметнички дела на високо ниво, па се задоволуваат со следење и разбирање на уметноста на највисоко ниво. Ретко сами се впуштаат во авантура, затоа што се свесни за својата личност. Тие може да бидат предизвикани од туѓиот низок уметнички спектар, па од шега да направат многу успешни и оригинални дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top