
Јана Нагиова, шефицата на кабинетот на Нечас
Чешкиот суд ја притвори шефицата на кабинетот на премиерот Петр Нечас, која заедно со уште судуммина беше уапсена пред два дена. Таа е осомничена за корупција и нелегално следење на тројца за што дала наредба на службата за воено разузнавање, а притворот и е одреден за да не влијае на сведоците, јавува државната МИА од Прага. Според нејзината одбрана, тоа го сторила од „безбедносни причини“. Инаку, шефицата Јана Нагиова јавноста ја посочуваше и како причина за разводот на Нечас. меѓу следените била и Ратка Нечасова и уште двајца вработени во Владата, заради што и полицијата смета дека го сторила тоа за да поттикне развод.
Опозицијата силно притиска за политичка смена во државата по оваа, за многумина, најголема афера до сега.

Премиерот Нечас со поранешната сопруга
Судот притвори и двајца поранешни пратеници кои кога требало да гласаат за клучни закони, прво јавно велеа дека нема да гласаат, а потоа се откажаа од пратеничките мандати. Се смета дека сето тоа е сторено за да се оствари економска корист.
Шефицата на кабинетот на Нечас се смета дека е таа што ја понудила економската корист во замена за пратеничкиот мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


