Многумина ја сметаат само за украс на раката, без да го знаат нејзиното суштинско значење. Бројаницата е „оружје за молитва“ и мир.
Таа треба да има 33 јазли и најчесто се носи на рака. Има и многу поголеми, но повеќето ја носат онаа „класична“ бројаница.
Господи Исусе Христе, сине божји, помилувај ме мене грешниот! Собирајќи ги мислите од лутање, со тивок шепот, верниците ја повторуваат оваа Исусова молитва, допирајќи го посебно секое топче од бројаницата. Велат дека целта на молитвата е да го соедини човекот со Бог и да го исполни неговото срце со светлината на божествената благодат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.