| четврток, 6 декември 2018 |

Српската пејачка проговоре за своето прво дете: Години со неа минавме во болница

Српската пејачка Анабела Атијас вели дека тешко и паѓа фактот што во моментов е разделена со своето прво дете, ќерката Луна.

– Мислам дека на Луна требаше да и се случи едно искуство како ова реално шоу. Ако ништо друго, ќе зајакне како личност и ќе научи многу за луѓето. Можам да кажам дека таа живееше и премногу заштитено од моја страна, бидејќи ми е прво дете и давав секогаш се од себе за да ја заштитам од она што е негативно. Бев многу млада кога таа се роди и имаше аномалија на бешиката, па веднаш беше заведена како бубрежно болна.

– Заради тоа првите неколку години од нејзиниот живот ги минавме во болница, па сум многу слаба на неа. Освен тоа, на мои 16 години ги загубив моите родители во војната кои многу ми недоставуаа се додека не ја добив Луна преку која на некој начин надокнадував се што не можев јас да го добијам, отворено изјавила Анабела за магазинот Стори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top