| четврток, 6 декември 2018 |

Госпоѓа Министерка тргната од репертоар, Весна Петрушевска реагира

Се смени раководството во МНТ, се менуваат и претставите. Оправдано или не,новото раководство на Македонскиот Народен Театар одлучи да ја тргне од репертоар претставата „Госпоѓа Министерка. Претставата е играна над 150 пати, а салата речиси секогаш е полна. Која е причината за ваквиот чекор? Тоа запраша и актерката Весна Петрушевска, која ја игра улогата на министерка и воедно стои зад прдукцијата на оваа претстава. Таа напиша:

По над 150 изведби *Госпоѓа Министерка * не е ставена на репертоарот на мојот матичен театар МНТ .Само како потсетување имаше над 80.000 билети продадено и е независен проект што значи без пари од Министерство за култура во копродукција со МНТ,како впрочем и претставите кои исто не беа финасирани од Министерството за култура:*Кој се плаши од Вирџинија Вулф*,*Брачна игра *.
Па браво !Алал да ви е !

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top