| четврток, 6 декември 2018 |

Сексуалниот предатор Харви Вајнстајн им плаќал на жртвите за да молчат

Филмскиот продуцент Харви Вајнстин за кој јавно беше објавено дека е сексуален предатор, им плаќал на жртвите за да молчат за неговите напади. Негова поранешна асистентка изјави дека и било платено 165 илјади долари за да молчи за малтретирањата на шефот.

Зелда Перкинс, во изјава за Фајненшл Тајмс изјави дека потпишала обврзувачки договор во 1998 година за да молчи откако претходно го обвини за напад.

Според неа, Вајнстин барал масажи и побарал од неа да спие со него. Вајнстин ги отфрли ваквите обвинувања.

Нејзините обвинвуања се слични на актерките кои досега го обвинија Вајнстин. Лупита Нијонго и Гвинет Палтроу исто така рекоа дека Вајнстин од нив барал да го масираат додека носел само долна облека по хотели.

Но некогаш моќниот продуцент, чија кариера сега избледува, ги отфрла сите обвинувања дека извршил напади и дека ниту еден сексуален чин не го извршил насилно.

Обвинувањата против Вајнстин започнаа по сторијата на „Њујорк Тајмс“, а истраги против него се водат во Лондон, Лос Анџелес и Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top